March 1, 2024

Во новата подводна гаража за велосипеди кај Амстердам Централ Стејшн, има место за 6.300 приватни и уште 700 јавни велосипеди, а по отворањето на втората гаража ќе собира вкупно 11.000.

4-годишниот проект го чинеше градот 60 милиони евра.

Во Утрехт, на пример, има и поголема, со тоа што таа е само подземна но не и подводна а собира 12.000 велосипеди. Таму, половина од населението секојдневно користи велосипед како главно превозно средство, повеќе од Амстердам каде 35% од жителите секој ден се „на точак“.

Подводната гаража е врвно инженерско достигнување за чија изградба најпрво требало да се „исуши“ водената површина пред главната станица, да се стави плоча, столбови и кров што на крајот повторно завршува под вода. 

Околу 200.000 луѓе проаѓаат од Амстердам Централ Стејшн дневно, половина од нив со велосипед. Обично паркираат на едно од преполните надземните паркиралишта, кои иако се фасцинантни за туристите, набрзо ќе бидат отстранети затоа што се нефункционални и им сметаат на локалците.

https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/urban/%23natochak-%23podvoda

1022