Битола до Жабени, од денеска првпат со воз

Денеска во 10.30часот од железничката станица во Битола се возобнови железничкиот правец од пругата кој води кон соседна Грција. Засега ќе сообраќа само воз за превоз на патници до железничката станица во Жабени односно Индустриската Зона Жабени.
Пругата од Битола до границата со Република Грција во должина од 18 километри започнала да се обновува во 2015 година со средства од Владата и фондови на Европска Унија. Поставени се нови шини, изградени 9 мостови, направени 30 безбедни железнички премини , нова станична зграда и други елементи за непречен железнички сообраќај.
Рехабилитацијата на овој дел од железничката пруга се реализира по цели 30 години, а очекувањата се дека многу скоро и од јужниот сосед ќе бидат реализирани услови кои ќе овозможат патување од Битола до Солун / Тесалоники.
Фото насловна: мжт.мк
