Општина Битола најавува jавен увид на урбанистички проект за изградба на канализациски колектор и градба за прочистување на отпадни води

Од денеска до 15 февруари Општината организира јавен увид на урбанистичкиот проект за уредување на земјиште поврзано со колекторскиот систем на Пелистер. Во нивното известување стои :
„Општина Битола, согласно член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање го става на увид на јавноста, Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е.1.6 –„ Изградба на канализациски колектор и градба за прочистување на отпадни води со приклучување кон веќе изграден колекторски систем во Национален парк Пелистер“.
Јавниот увид ќе трае 15 дена односно од 01.02.2023 заклучно со 15.02.2023 година, а документацијата за увид е достапна на следниот линк:
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е.1.6 – Изградба на канализациски колектор и градба за прочистување на отпадни води со приклучување кон веќе изграден колекторски систем во Национален парк Пелистер.
Во наведениот рок јавноста има можност да достави свои забелешки во однос на урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план на адресата на Општина Битола ул.Булевар 1-ви Мај бр.61, 7000 Битола.
Пристигнатите забелешки ги разгледува комисијата за урбанизам од членот 38 од Законот за урбанистичко планирање, која составува записник со образложенија за прифатените и неприфатените забелешки, што се објавува на службената веб страна на општината.“
Извор: Општина Битола
