Градоначалникот Коњановски на средба со претседателот на Регионалната стопанска комора

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со претседателот на Регионалната стопанска комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, посетувајќи ги „ВЕМИЛК“ и „Хемометал“, двете успешни компании од Битола, со кои раководи Велковски.
Велковски го информираше градоначалникот Коњановски, дека како регионална стопанска комора особено се задоволни од соработката со локалната самоуправа, што дополнително се потврдува и со учеството на претставници на комората во Локалниот економско социјален совет и изработката на Стратегијата за локален економски развој на општината во следниот петгодишен период.
Извор: Општина Битола
