Подготовки за нови реконструкции и асфалтирање на улици во битолско

Денес, Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претставници на општината, заедно со изведувачите на градежните работи и претставници на надзорите, извршија увид во инфраструктурните активности кои се изведуваа и ќе се изведуваат на Бул. 1 Мај и патот за селото Брусник.
Увидот е реализиран со цел утврдување на потребната динамика на работа во периодот кој претстои. Општинските стручни служби, додека се подготвуваат за новата градежна сезона и реконструкција на водоводни, канализациони мрежи и поставување на нов асфалт на 32 улици, паралелно, вршат увид и на локациите, каде што активностите не се комплетно завршени и потребно е нивно доуредување. – информираат од Општината.


„На патот за село Брусник, во новата градежна сезона, градежните работи ќе продолжат со поставување на банкини, но истовремено по дадена забелешка од надзорот и утврдени критични места, изведувачот на коловозот, на сопствен трошок ќе изврши обработка на делниците каде беа констатирани недостатоците, со цел нивно отстранување.
Инфраструктурните активности после асфалтирањето, продолжуваат и на „Булевар 1 Мај“, каде во овој период се работи на завршување на банкините и скалниците, како и отстранување на евентуални недостатоци, до комплетирање на проектот.


Градоначалникот Коњановски, за време на денешниот увид, нагласи дека, со ваквиот пристап, локалната самоуправа, континуирано работи на реализација на планираните проекти, но и редовна контрола за целосно и квалитетно завршување на работите од страна на ангажираните економски оператори.“
Извор: Општина Битола
