June 2, 2023

До 12 февруари идната година сите регистерски таблички мора да ја носат ознаката NMK

Министерството за внатреши раноти деновиве потсети дека заклучно со 12 февруари 2024 година, сите сопственици на возила што сè уште имаат регистарски таблички со “МК”-ознака мора да извршат промена и да си набават таблички со ознаката “NMK”.
За оваа промена не треба да се чека на регистрациа на возилото, туку веднаш да се пристапи кон промена на табличките, но потсетува МВР, тоа да не е подоцна од 12 февруари 2024 година.
Одделението за сообраќај на МВР односно Полициските станици е надлежно за регистрација на возило и издавање на возачки дозволи. А според законската регулатива, регистрацијата се одвива со поседување на одредени услови, или, „поднесување на одредени писмени докази“ со кои се докажува исполнетоста на прописите, пишува на официјалната интернет страница на МВР до која пристапивме денеска. Промените започнаа од 2019 година, а според уставните измени направени по Договорот од Преспа, процесот треба да заврши заклучно со 12 февруари 2024 година.
Образецот за барањето чини 50 денари, а според големината и намената на возилата односно желбите на сопствениците, промената на регистерските таблички има различна цена од 1.250 денари до нешто над 15.000ден.
На интернет страната https://mvr.gov.mk/upravni-rab/32 може да се најдат сите административни, управни активности што треба да се направат за овој процес.

„Регистарски таблици за моторно возило – регистарски таблици за привремено регистрирано моторно возило; – регистарски таблици за возила на странци кои имаат дозвола за привремен или постојан престој во Република Северна Македонија; – регистарски таблици за возила што се одвезуваат од Република Северна Македонија по завршен престој на странски државјани и за возила купени во Република Северна Македонија што ќе се регистрираат во друга земја;

  • регистраски таблици за возила кои не ги исполнуваат законски пропишаните услови во однос на димензиите (должина, ширина и висина) односно чија најголема дозволена маса е поголема од 40 тона односно чија сопствена маса е поголема од дозволените осни оптоварувања; – регистарски таблици за возила постари од 35 години (историски возила); – пробна метална годишна таблица за возила на правни лица кои вршат производство и/или пуштање на пазар на возила;
    • 1200 денари за образецот
    • 50 денари административна такса
    ВКУПНО: 1250 денари

„Регистарска таблица по барање на сопственикот на возилото за моторни возила и за велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, лесентрицикл, трицикл и лесен четирицикл кои содржат комбинација од било кои броеви од бројот нула до бројот девет и комбинација и било кои две букви од буквата А до буквата Z
• 15 000 денари за образецот
• 50 денари административна такса
ВКУПНО 15 050 денари

Повеќе информации на https://mvr.gov.mk/upravni-rab/32


1006