Состојба на патиштата

Извештајот на ЈПОЗМР/Македонија пат од 6 часот утринава вели : „Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Врнежи од снег има во Делчево, Дебар, Ѓавато и Буково,но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.“
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.
Извор: Диспечерски центар Македонија пат
