Временска прогноза

Наутро со слаб локален снег, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во ноќните часови ќе има локални врнежи претежно од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и студено, во сабота со повремени врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час). Студено време ќе се задржи и во текот на следната седмица, со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.
Извор: УХМР
