Македонските маркетери во ‘‘Мај Ворлд‘‘ најуспешни во регионот

Аудио верзија:
‘‘Да обвинуваш друг за сопственото незадоволство во животот е како да го обвиниш велосипедот што не умееш да го возиш. Најди некој кој знае и замоли го да те научи. Секој кој знае, со задоволство ќе ти помогне!‘‘
Овој совет, интересни едукативни видеа, како и стотици други поучни приказни, секодневно можете да ги прочитате и погледнете на Фејсбук страницата на Зоран Витанов – едукатор, претприемач, инвеститор, автор на книгата ‘‘Воскресни жив‘‘. Тој деновиве ја посети Битола и одржа предавање пред стотина присутни за можностите кои ги нуди компанијата ‘‘Мај Ворлд‘‘, со претставништва во 55 држави, на сите континенти. По настанот, ја прифати нашата понуда за кус разговор на повеќе теми.
Иако е период на светска криза предизвикана од пандемии, војни, инфлација, сепак постојат повеќе начини и платформи преку кои може да се дополни семејниот буџет, а и да се заработат сериозни суми, поголеми од платите кои ги примаме како вработени на одредени работни места. Вие на бизнис средбите во Македонија и во светот, како и преку видеата кои ги постирате на социјалните мрежи, информирате за можностите за заштеда и заработка кои ги нуди компанијата ‘‘Мај Ворлд‘‘. Во Битола салата во која беше Вашето излагање беше претесна да ги прими сите заинтересирани. Дали сте изненадени од големиот интерес за присуство на бизнис средбите на кои сте говорник?
На почетокот бев, но сега веќе не. Пред десеттина дена во Белград, говорев пред 1500 луѓе. На настанот во Варна, наполнивме три пати поголема сала од оваа, а надвор имаше уште два пати повеќе кои не успеале да влезат. Затоа одлучивме, пред се заради големиот интерес, во јули да организираме информативен настан во Шалке Арената, која има капацитет од 50 000 седишта, на која ќе присуствуваат наши членови од сите континенти, од 55 држави во кои ‘‘Мај Ворлд‘‘ има членови и фирми партнери. Во септември во 2022 година, имавме бизнис настан во Краков, пред 15 000 луѓе од целиот свет. На овој настан имав чест и јас да одржам предавање. Во период кога голем број на луѓе се во економска криза и на кои сиромаштијата им тропа на врата, ние имаме социјален доказ дека нашиот бизнис модел функционира и всушност затоа е и раширен во 55 држави во целиот свет.

Како Македонците гледаат на ‘‘Мај Ворлд‘‘ како можност за заработка, а како жителите на поразвиените европски земји?
Јас сум разочаран затоа што Македонците, за жал, последниве години како да престанаа да веруваат во успех и подобра иднина. Кога на Македонецот му го презентираш истиот бизнис кој го нудиш и во земјите на Европската Унија, тој има еден мал милион причини да ја одбие понудата, дека не е за него, дека не се пронаоѓа тука, дека не верува во успех. Што се однесува до европските земји, нашиот бизнис е најразвиен во Естонија, Финска, Шведска и Данска, во високо развиените земји. Последниве две години, ние го пробивме тој голем отпор и сега Македонија се проби меѓу тие земји кои ги споменав, плус Словенија, Италија, Австрија и Португалија. Денес Македонија е на второ место по успех во овој бизнис, вложивме многу труд, многу едукација, над 1000 бизнис настани за 10 години, промотивни видеа, детално објаснување. Навистина вложивме многу едукација и сега веќе конечно верувам дека и во Македонија, нашите членови ќе можат сами да си го вадат лебот, или како што велам јас на шега, самите да си го полнат амбарот.

Колку новите проекти на ‘‘Мај Ворлд‘‘ (гледање реклами и скенирање сметки) ќе го зголемат интересот кај нашите сограѓани за оваа компанија?
16% од целото население во Македонија членува во ‘‘Мај Ворлд‘‘. Тоа е речиси 40% од работоспособното население на земјата. Имаме преку 1300 македонски трговски партнери. Бројките кажуваат дека овој бизнис во Македонија е сериозно навлезен и зема силен замав.
Вие сте автор на книгата ‘‘Воскресни жив‘‘. Каков е интересот за книгата?
Книгата до сега имаше 4 изданија на македонски јазик, а се подготвуваат и преводи на чешки, германски, англиски, бугарски и албански јазик. На српски јазик е веќе преведена. Во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора веќе се распродаде првото издание. Јас не очекував толкав интерес, мислев дека си пишувам книга за себе, која би се продавала во Македонија. Следува втора книга, едукативна, за претприемништво и бизнис.

Каков е интересот за ‘‘Мај Ворлд‘‘ во соседните држави?
Интересот е различен. Можам да се пофалам дека Македонија е во понапредна фаза, но тоа што пријатно изненадува е големиот интерес во Косово, во споредба со слабиот интерес во Албанија, иако овие две земји последни заедно го прифатија овој бизнис. Албанците, во минатото имаа многу негативно искуство со криминал, пирамиди, можеби и затоа кај нив засега интересот е помал. За разлика од сите наши соседи – Грција, Албанија, Косово, Србија, Бугарија, Македонија е во понапредна фаза. Од просторите на поранешна Југославија, само Словенија е поуспешна од Македонија. Факт е дека Словенија е економски поразвиена земја од Македонија. За мене, сепак, тоа е добар показател дека претприемништвото во Македонија има корени. Имам и соодветно толкување за ова – ние со векови наназад сме биле земјоделски крај, а во земјоделието ти мораш сам да ги планираш своите приходи, расходи, реколти, организирање на работата и тоа ни е во гените, да можеме да бидеме претприемачи. Малку во социјализмот го подзаборавивме тоа, меѓутоа сега можеме преку овие бизнис модели да го вратиме на голема врата. За да се бавиме со претприемништво се претпоставува дека треба да имаме капитал, но со овие нови модели ние сите сме поврзани и може да се започне бизнис и без капитал. Тоа е и мотивот зошто јас толку се вложувам во ова!

‘‘Мај Ворлд‘‘ неодамна влезе и во сто милионската Турција. Какви се очекувањата од тој огромен пазар? Каков е првичниот интерес таму?
Еден од најголемите ланци на продавници за храна, како и најголемиот турски онлајн провајдер, таканаречениот ‘‘турски Амазон‘‘ веднаш станаа наши трговски партнери. Јас очекувам бизнисот многу наскоро да експлодира во ова земја, бидејќи на Турците еснафлукот им е во традицијата. А нашиот бизнис се базира на трговска логика, колку повеќе купувачи однесеме кај тргвоците, тие се спремни да им дадат поголем попуст на купувачите, но и поголема провизија на тој што им ги донел. Нашата мисија е враќање на пари при секое купување, тоа е алш – вериш на турски. Тоа и кај нас е одомаќинето. Верувам дека Турците веднаш ќе го сватат ова и затоа почнавме од Истанбул, светски трговски центар. Градот кој ги поврзува Европа и Азија. Ги поканувам сите кои имаат било какви релации со Турција да го препорачуваат нашиот бизнис, кај нас е се бесплатно, а на секоја препорака добиваат провизија, додека пак купувачите добиваат пари назад при секое купување.
На средбата во Битола, десеттина лица се пофалија дека заработиле повеќе од 1000 евра само од ‘‘Мај Ворлд‘‘. Дали навистина станува збор за високопрофитабилен бизнис и кој, според Вас, може да го работи?
Вечерва ми пријде едно семејство од Скопје, маж, жена и ќерка, кои ме информираа дека тројцата заработиле околу 10 000 евра! И тоа во Јануари, месец кој традиционално во Македонија е најтежок и најдолг месец. На шега ги прашав колку факултети имате завршено, ми одговорија дека се со средно образование. Значи, секој може да биде дел од оваа платформа и да биде успешен!
Јас сум достапен на социјалните мрежи за сите кои се заинтересирани да се приклучат на овој бизнис и секогаш им давам одговори на сите прашања поврзани со ‘‘Мај Ворлд‘‘. Колку повеќе си транспарентен, толку повеќе луѓе ќе имаат шанса да видат за што се работи.
Нашата цел е до 2025 година да бидеме во Топ 10 најуспешни компании во светот. Не постои друг бизнис во светот во кој секој член добива бесплатна обука, логистика, едукација, инфраструктура, комплетна поддршка. Нашите видеа на социјалните мрежи се достапни за сите кои сакаат да ни се приклучат. На вас останува само да донесете одлука и на ни се придружите.
