March 26, 2023

Зимската служба на „Нискоградба“ подготвена за зимскиот период, веќе расчистува

Зимската служба на општина Битола, е подготвена со доволни количини на сол и ризла и добро екипирана за работа и во следните денови кога се очекуваат ниски температури.
Од страна на КЈП Нискоградба, апелираат до граѓаните, да не ги паркираат возилата на улиците, за да може да се обезбеди непречен пристап и навремено делување на екипите на зимската служба.

Ова беше кажано на вчерашната средба на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, со директорот и дел од екипите на јавното претпријатие Нискоградба, со цел согледување на динамиката со која работи зимската служба, после врнежите од снег.

Од страна на директорот на КЈП Нискоградба, Зоран Талевски, градоначалникот Коњановски, беше информиран дека, екипите од раните утрински часови во неделата, работелена терен, а до 12 часот беа исчистени улиците од прв и втор приоритет.

Исто така, се интервенираше и во руралните места, на просторот на поранешните општини Бистрица, Кукуречани и Цапари.

Извор: Општина Битола