December 7, 2023

Повредени Македонци надвор од животна опасност

„Нашите претставништва обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион.

Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција.

Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и менторот не е во животна опасност“ соопшти МНР.


1012