Се подобруваат условите во градскиот пазар: реновиран затворен простор за продавачите на текстил

Од денес, закупците на тезги за продажба на текстил во Градскиот пазар, имаат нов реновиран затворен простор, со современи услови кои одговараат на потребите на продавачите и купувачите.
При денешната посета на пазарот, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, од страна на директорот на ЈП Пазари, Никола Гацовски, беше информиран дека, активностите се одвиваат согласно предвидената динамика, со што надминат е долгогодишниот проблем во овој дел на градскиот пазар, а комплетно е променета и старата лоша слика на објектот и извршено е негово реновирање со поставување на плочки, нови тезги и соблекувални.

Во текот на оваа недела, комплетно ќе биде завршено и расчистувањето на отворениот дел од пазарот каде што до неодамна закупците продаваа текстил. Според проектот промени се направени и во одделот кадешто се продава сирење и други млечни производи.


Со овие активности, просторот целосно ќе го промени својот изглед, а континуирано се работи и на нови проекти за подобрување на условите и хигиената во Градскиот пазар.
Извор: Општина Битола
