Срамнет со земја дел од Замокот на Газиантеп

Газиантеп е една од современите провинции во регионот на Југоисточна Анадолија и исто така една од најстарите со хетитско потекло. Како центар на одгледување на фстаци во Турција и со своите огромни маслинови градини и лозја, Газиантеп е еден од важните и индустриски центри на Турција. Областа била континуирано населена почнувајќи од палеолитот и била сведок на доминација на сили како Асирците, Персијците, Римјаните, Византијците, Абасидите и Турците Селџуци. Времето на воздигнување за Отоманската империја значело исто и за градот. Во тоа време се изградени многу џамии, гостилници, бањи и медреси.

Не се познати оригиналните градители на тврдината Газиантеп. Bила обновена од Византијците во 6 век, потоа повторно во 1481 година за време на Кајитбај, египетскиот султан и во 1557 година за време на отоманскиот султан Сулејман Величествениот. Тврдината била дополнета со караули, џамии и мали палати. Во ѕидовите има 36 караули кои имаат кружен облик на 1.200 метри. Се верува дека под тврдината има галерии и патеки кои водат до реката.

