April 19, 2024

Турците и Сиријците ноќта да ја минат на отворено, започнаа нелегални профитирања

Турскиот подпретседател Фуат Октај за медиумите попладнево изјави дека во двата земјотреси доживеале вкупно 145 последователни потреси. „Вкупно 1541 граѓанин го загубиле животот, а имаме 9733 повредени.“
Турската влада од граѓаните бара да не седат во своите домови, згради и високи објекти поради опасност од нивно уривање. Во изјавата дадена на профилот на социјалните мрежи на АФАД, се вели: „Не влегувајте во оштетените згради по земјотресот. Оставете ги патиштата празни за возилата за итна помош. Остварете ја вашата комуникација преку услугата за кратки пораки (SMS) и софтверот за пораки базиран на интернет. ”
Овој апел беше објавен по вториот земјотрес во регионот со јачина од 7,6 степени по Рихтер, што не е афтершок соопштуваат надлежните. Во следните неколку денови се очекуваат афтершоковите да достигнат 5 степени по истата скала, што се голем ризик за зградите чија статика е веќе нарушена. Спасувачки димови составени од специјални екипи и војската поставиле кампови, а се работи и на евакуација на населението од населбите кои се комплетно збришани.

Привремен камп за евакуација


Турските власти сепак започнаа да се справуваат со решавање на проблеми од економски карактер. Главниот јавен обвинител на Анкара на прес конференција објави „ Искористувајќи го земјотресот што се случи во нашата земја на 6 февруари 2023 година и погоди 10 провинции, некои автобуски компании кои работат во AŞTİ ги зголемија цените на билетите 2-3 пати и дека многу стоки, особено ќебиња, кои се од витално значење за користење на граѓаните погодени од земјотресот. По известување дека цените се претерано зголемени од страна на релевантните продавачи, од страна на нашиот главен јавен обвинител започна истрага за сторени кривични дела „Влијание врз цените и избегнување продажбата на стоки или услуги“, а потребните инструкции беа дадени на огранокот за финансиски криминал на Дирекцијата за безбедност на покраината Анкара.“

Згради паѓаат и во Алепо, Сирија


Решаваат и гласини по медиумите од некои европски земји. „По земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени во Кахраманмараш, Пазарџик и Елбистан, во моментов нема опасност од цунами што ќе ги зафати нашите брегови во источниот Медитеран“, ги демантира турската влада и научници гласините и предупредувањата кои се појавија во некои медитерански земји.
Продолжува интензивната потрага по преживеани, а секој откриен живот се толкува како мало чудо. Продолжува потрагата по заменикот претседател на турското Собрание, како и обидот за извлекување на фудбалска екипа од урнатините на хотел во Малатја.

Информациите од Сирија се многу малку


Според досегашните информации, во Кахраманмараш има 191, во Газиантеп 200, во Шанлиурфа 27, во Дијарбакир 41, во Адана 43, во Адијаман 20, во Османије 131 , во Хатај 14 , во Килис 13 и во Малатја 98 загинати лица. Бројот на повредени се подигна преку 7000 лица.
Во Сирија, според информациите од сириското Министерство за здравство бројот загинати е зголемен на 403, а бројот повредени кои побарале лекарска помош се искачил до 1.284 лица.


1020