Општина Битола, изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите во земјотресите кои ги погодија Турција и Сирија

Во овие мигови, кога нашите пријатели се соочуваат со големите последици од оваа природна катастрофа, подготвени сме да дадеме помош и поддршка од хуманитарен и спасувачки карактер.
Тимот за брз одговор за спасување од планина и високи објекти од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, со 5 членови ќе биде дел од УСР единицата и веќе заминуваат во подрачјето погодено од земјотресот, а доколку се појави потреба, во целосна подготвеност за интервенција се и високопрофесионалните екипи на ТППЕ Битола кои се обучени за спасување од урнатини и земјотреси.
Хуманоста, солидарноста и одговорноста во ваквите мигови е неопходна. Подготвени сме да бидеме поддршка на луѓето кои во моментот се соочуваат со големи човечки и материјални загуби.
Извор: Општина Битола
