March 26, 2023

Временска прогноза

Во Битола утринава во 6.00 часот биле измерени – 6 степени. УХМР за денеска прогнозира сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец, но сепак многу студено.

Следува период на стабилно и студено време, особено наутро кога минималните температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст и ќе се движат од 3-10 степени Целзиусови. Ноќните температури пак ќе се движат меѓу -13 до -2 степени Целзиусови.