March 26, 2023

Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по претежно суви коловози, вели извештајот на Македонија пат од 6.00 часот.

Снег провејува на Стража и Маврово.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурен телефон 02 25 61 502 .