March 26, 2023

Нормализирано водоснабдувањето на домаќинствата во реонот околу „Веро“

Доцна вечерва се нормализира водоснабдувањето на домаќинствата од станбените блокови во околина на супермаркетот „Веро“ во нова Битола.


Екипите на ЈКП„Водовод“ и КЈП „Нискоградба“ започнаа со интервенција на дефектот што го прекина нормалното водоснабдување. А завршиле со активностите околу 22.30часот, информира директорот на ЈКП„Водовод“ од Битола , Пеце Милевски.


„Додека ЈКП Водовод вршеше поправка на дефект и решавање на водоснабдување, КЈП Нискоградба одговорно ги одржуваше улиците со ризла. И на минусни температури јавните претпријатија Водовод и Нискоградба успешно се соочија со санирање на дефектот на кружниот тек кај Веро“, вели Милевски.