April 17, 2024

АД ЕСМ на почетокот на годината произведе 40% повеќе струја од лани

Во периодот од 1 јануари до 7 февруари 2023г. АД ЕСМ преку капацитетите со кои располага произведе 699.240 MWh електрична енергија, што е за 40% повеќе споредено со истиот период во 2022г, а дури 86% повеќе од истиот период во 2021г.
Планот за производство за 2023г. заклучно со вчерашниот ден се исполнува 101,50%. Позитивните резултати во 2023г. се должат на зголемениот ангажман на вработените во АД ЕСМ и поддршката од Владата и економските ресори, како и зголемениот интензитет на работа на РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, и подобрената хидрологија.
Во одредени денови има определени отстапувања во планираното производство кои одат во плус или во минус, односно АД ЕСМ во одредени денови внесува и значајни дополнителни количини електрична енергија во мрежата, повеќе од потребните за дневното снабдување.

Извор: ЕСМ

Фото насловна: РЕК Битола


1039