Во Битола одбележан денот на руската дипломатија
Со панихида предводена од неговото високо правосвештенство Митрополитот Господин Петар , а во присуство на амбасадори, советници и граѓани од регионот кои ја почитуваат и негуваат македонско-руската и славјанска култура се одбележа денот на руската дипломатија, во Битола посветен на значајното дело со кое што конзулот Александар Аркадиевиќ Ростковски ги задолжи битолчани.


„Битола има долги и блиски врски со нашата земја. Од 1861 до 1915 година тука се наоѓал Конзулатот на Руската империја. Во 2001 година активностите на Почесниот конзул беа продолжени, а во 2016 беше отворен и почесниот конзулат. Во текот на 21 година работата на Почесниот конзул- прво на г-ѓа Даринка Крстанова, а потоа и на г-н Сергјн Самсоненко придонесува за проширување на деловните и хуманитарните врски, за многубројните контакти меѓу нашите земји“ – изјави пред присутните неговата екселенција Сергеј Александровиќ Баздникин, Амбасадор на Руската Федерација во Македонија.


Амбасадорот Баздникин изрази и жалење што минатата година македонската влада без објаснување на причините ја повлекла согласноста за воспоставување на функцијата Почесен конзул на Русија во Битола, па тие биле принидени да го затворат конзулатот, и, да преземат реципрочни мерки.


„Нагласувам дека тоа не беше наша одлука,с метаме дека овој чекор е неоснован и политички мотивиран. Се надевам дека порано или подоцна Почесниот конзулат ќе биде повторно отборен – како „Рускиот крст“ во свое време. Убедени сме дека ова целосно им одговара на аспирациите на граѓаните на двете држави.“ – изјави денеска во Битола амбасадорот Баздникин, потсетувајќи дека споменикот „Руски крст“ бил подигнат двапати. Еднаш во 1936 година, демонтиран по Втората светска војна и повторно подигнат во 2003 година- по повод 100 годишнината од смрта на Ростковски.




Венци и свежо цвеќе пред споменикот на Александар Аркадиевиќ Ростковски денеска положија и Амбасадорот на Кина Н.Е. Џанг Ѕуо, Заменик-амбасадорот на Србиjа Зоран Ковачевиќ, пратеник на Собранието, Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ, делегацијата на МПЦ-ОА предводена од Н.В. Митрополит Петар, Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, Регионалниот управител на компанијата Лукоил Андреj Куку, градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски, претставници на општини Битола и Прилеп, Руски центар при УКИМ, како и на здруженија за македонско-руско пријателство.








