Рускиот амбасадор Баздникин за руско-украинскиот воен судир

10 февруари е добро познат и секаде во светот одбележуван Ден на руската дипломатија, кога вработените во руските дипломатски претставништва го одбележуваат како свој професионален празник и му оддаваат почит на споменот на своите извонредни претходници. Иако актите на Руската Федерација во последната година кон Украина покажуваат кога дипломатијата не била успешна.
„Споменикот „Руски крст“ подигнат во чест на конзулот кој ги поддржуваше христијаните на Македонија во борбата за слобода и несебично ја извршуваше својата службена должност, е јасна потврда дека неговата личност и резултатите на неговото дело остануваат во меморијата на македонскиот народ“ – рече Н.Е Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федеранција во Македонија. Тој во своето денешно обраќање се осврна и на руско-украинскиот воен спор кој започна пред една година.
„Беше принудна и одлуката на Русија да ја започне специјалната воена операција за заштита на Донбас. Од 2014 година руската дипломатија ги вложува сите можни напори за решавање на кризата во Украина – вклучиетлно и во согласност со Договорите од Минск постигнати со посредство на водечките земји на ЕУ. Не бевме слушнати или се правеа дека не не слушаат. “- рече Баздникин во Битола.
„Од неодамна на Западот дури и не кријат дека целта беше да се добие време – да го напумпа режимот во Киев со оружје и да ја ослабне Русија. Ова го потврдува отсуството на алтернативи за нашите постапки – не ни оставија друг избор. Директните закани за безбедноста на Русија уште еднаш, како и пред 82 година се создадени од идеологијата на нацизмор – веќе во нејзината модерна манифестација, без разлика колк и да се обидуваат да се одречат од тоа – и ние повторно сме принудени да се спротивставиме на агресија на колективниот Запад. “-вели тој.
„Не треба да има илузии – задачите на специјалната воена операција ќе бидат исполнети. Нашиот народ со мајчино млеко ги впиваше традициите и бредностите на генерацијата на победниците – тоа не прави силни и уверени во себе, во нашата правилност и во нашата победа. Решението ќе се најде земајќи ја предвид ситуацијата „на терен“ и елиминирање-засекогаш-на заканите за безбедноста на Русија. “- порача амбасадорот Баздникин од Битола.


1172

Задолжително

Verified by MonsterInsights