Баздникин: Русија и Северна Македонија минуваат низ тежок период

Во тек на чествувањето на оставштината од Александар Аркадиевич Ростковски во Битола, актуелниот амбасадор на Руската Федерација Сегеј Александровиќ Баздникин се осврна на руско-македонските односи.
Денес односите меѓу Русија и Северна Македонија минуваат низ тежок период – рече Баздникин откако претходно потсети на поддршката од Ростковски на македонското население и развиените економски, образовни и културни врски за кои придонесоа и почесните конзули назначени во неколку градови. Затегнати односи не е наш избор, рече Баздникин.
„Руската страна се придржува до недвосмислем став – ние не се мешаме во внатрешните работи на вашата држава и немаме намера да го правиме тоа, не преземаме никакви чекори во форма на наводни хибридни закани, за кои неосновано сме обвинети. Се разбира,ние ќе одговориме на непријателските дејства – на основа на реципроцитет, но секогаш на избалансиран и , доколку е можно, симетричен начин“ – вели тој.


“Нудиме конструктивна основа за интеракција – принципи на рамноправност, заемно почитување и земање во предвид меѓусебни интереси – што, очигледно е единствената можна во поправеднио мултиполарен свет што се формира во нашата ера. “
Амбасадорот Баздникин денеска од Битола на сите пријателски расположени македонски граѓани кои негуваат симпатии и ја почитуваат Русија и руската култура , наука , народ им упати благодарност велејќи дека се заблагодарува за позицијата, искрените зборови и писмата кои продолжуваат да ги добиваат.
„Ја чувствуваме масовноста на вашата поддршка и убедени сме дека пријателството меѓу нашите народи, вкоренето во длабочините на вековите и поткрепено со духовно и културно сродство и заеднички словенски корени, е надвор од време и политика .“


1062

Задолжително

Verified by MonsterInsights