Временска прогноза
Наутро многу студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата на воздухот денеска ќе се движи од – 10 степени Целзиусови до 4 степени.
Од Управата за хидрометереолошки работи на Македонија за утре прогнозираат зголемена облачност, умерен до засилен северен ветер и услови за локален слаб снег на планините. Од понеделник следува период на стабилно време со пораст на утринските и дневните температури.
Извор: УХМР