Состојба на патишта

Извештајот на Јавното претрпијатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (ЈПОЗМРП) од 6.00 часот утринава вели дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат дежурен телефон 02 / 25 61 502 .

Извор: ДЦ на ЈПОЗМРП


1074

Задолжително

Verified by MonsterInsights