Ватикан денеска ја слави својата државност

Пред 94 години на денешен ден е формирана најмалата држава на светот која воопшто нема наталитет – Ватикан.

Распослана е на 44 хектари, насреде Рим ( малку кон запад) , управувана од единствениот апсолутен монарх во Европа– Папата. Тој е поглавар на римокатоличката црква и истовремено изборен монарх на Ватикан што подразбира дека во целост ги има законодавната, судската и извршната власт во Ватикан.

Државава е оградена со ѕид, според некој попис утврдено е дека има околу 3000 жители и два екстериторијални региони кои се трипати поголеми од самиот Ватикан. Впечаток на сите автори на туристичките ревии им се факите дека Ватикан има сопствен монетарен систем, железничка станица, телеграфска и поштенска служба и сопствена радиостаница, лоцирана во Санта Марија ди Галерија, територија со призната екстериторијалност.

Базиликата св. Петар е една од најпосетените цркви во светот. Освен што се смета за најсветото место во Европа како седиште на сите цркви и почивалиште на св. Петар, претставува и извонреден пример на атхитектурата и вајарството.

Извор фото : К.М.А


1121

Задолжително

Verified by MonsterInsights