Големи црвени чизми
Со дозвола од редакцијата, рекламава е бесплатна под услов да влезе во рубриката занимливости.

Фирмата MSCFC на 16 овој месец во продажба ќе го пушти својот производ Големи Црвени Чизми. Инспирирани од цртаниот лик Астро, направени се од гума. Лесно се ставаат, од поп ѕвездите што ги пробале или рекламираат, никој досега не кажал како ги извадиле.
Ако и вие сметате дека зимата допрва ни доаѓа, стокмете 350 долари.


Инаку фирмава е позната по производи кои се големи и невообичаени. Во август 2019 во продажба пуштија патики со света вода, a во април 2021 продадоа еден пар сатански чевли. Во 2020 година се „посветиле“ на љубителите на компјутерски игри – објавија еднократна мултиплеер мобилна игра со наслов „Прст на апликацијата“. Во неа играчите го допираат екранот на својот телефон и, последниот што ќе успее да живее со прстот на телефонот добива 25.000 долари. Инаку сите нивни производи се буквално уникатни, а компанијава за производ добива и по 20.000 долари.
За себе велат „MSCHF е уметнички колектив кој ги ангaжира уметноста, модата, техниката и капитализмот. Колективното ја субвертира масовната/популарната култура и корпоративните операции како алатки за критика и интервенција. MSCHF, како практика и како ентитет, ја манифестира амбицијата за креативна работа / креативен ентитет да ја работи вистинската опиплива моќ (во културата; на светската сцена; мерени во странички страни и страни против против страната медиумски субјекти).“
Извор фото : https://mschf.com/shop