In & Out – „Алијанса“ е In / во владата , „Алтернатива“ сеуште не е Out /надвор од владата – реакции

Премиерот Димитар Ковачевски денеска (сабота) до македонското Собрание го доставил предлогот за реконструкција на владата. Според информациите смена на министри има со имиња на партијата „Алијанса за Албанците“, која дефинитицно е „In“.
Партијата „Алтернатива“ сепак сеуште не е „Out“, според најавите конечната одлука ќе ја донесе утре. Собранието денеска потврди дека во нивната архива пристигнал предлогот за реконструкција на македонската влада.


Од Алијанса за Албанците: денеска објавија дека со премиерот Ковачевески од СДСМ дефинирале пет приоритети поделени во 22 конкретни заложби. Во нивното соопштение се вели :
„Бидејќи транспарентноста и отчетноста се основните вредности на политичкото дејствување на Алијанса за Албанците, денеска на јавноста и ја презентираме Декларацијата за владините определби, договорена меѓу претседателот, Арбен Таравари и премиерот, Димитар Ковачевски, која премиерот ќе ја потврди пред народните избраници и граѓаните. “
„Оваа декларација е камен-темелник на нашата идна работа во рамките на владината коалиција. Дефиниравме пет приоритети поделени во 22 конкретни заложби, за кои со сета енергија ќе се ангажираме до крајот на мандатот.
Со цел да ги имплементира овие обврски, Алијанса за Албанците ги избра најдобрите во своите редови да ги предводат своите сектори во владината коалиција:
Кренар Лога, министер за правда.
Фатмир Меџити, министер за здравство.
Азир Алиу, министер за информатичко општество и јавна администрација.
Вјолца Бериша, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Тирон Јајага, заменик министер за одбрана.
Овој тим ќе биде поддржан од голем број функционери распоредени низ многу дирекции и агенции во сите области од јавниот живот.
Приклучувањето на Алијанса за Албанците во Владата се заснова на принципите на внатрешна демократија и демократизација на општеството, во време кога Северна Македонија се соочува со голем број на кризи, кои што сите ја одредуваат прозападната ориентација на земјата“.

Реакции на оваа листа и соопштение пренесува поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, во кој има друг „предлог“ за замена на владини места : прв потпредседател на влада, министер за надворешни работи, министер за финансии и министер за економија, сите позиции на партијата ДУИ.

Без своја реакција не остана ниту ВМРО-ДПМНЕ.

Коалицијата ја нарекуваат „пазар 3“ .

„Новите измени се да се одржи историски најнеспособната влада во вештачка кома, на апарати, и да се спасат бизнисите и тендерите за уште некој месец повеќе, а не да се подобри очајната состојба во која се наоѓа земјата поради неспособноста и криминалот на дуото Ахмети-Ковачевски“-вели денеска портпаролот Наум Стоилковски. За ВМРО-ДПМНЕ предлоготот на Ковачевски е срам за Македонија. „Така министер за правда се предлага братот на осомничениот за убиство на Дилавер Бојки. Негова пак замена ќе биде Викторија Мадиќ, кадар од СДС, поранешен прв секретар на градот Скопје за време на поразениот Шилегов, која во јавноста беше позната како новиот Рашковски, бидејќи фирмата на нејзиниот зет добива тендери од над 4 милиони евра од државни институции….Ова е доказ дека државата е во распаѓање и дека оваа влада единствено го има мандатот за крадење од Ковачевски и Ахмети, но не и легитимитет од народот.“


1119

Задолжително

Verified by MonsterInsights