Криминалистичката полиција при СВР Битола изврши претреси на цело подрачје на СВР Битола, пронајдена дрога и оружје

На 10.02.2023 на подрачјето на СВР Битола, врз основа на претходно изготвен план за координирани мерки и активности од страна на Одделот за криминалистичка полиција, за откривање на сторители за кривични дела по член 215 и 396 од Кривичниот законик и наредби од Судија на претходна постапка за вршење на претрес во дом и други простории, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија 10 претреси, во 9 куќи со 5 помошни простории и 1 стан, од кои 4 претреси во Битола, 2 во Прилеп, 1 претрес во Крушево, 1 во Македонски Брод, 1 претрес во Ресен и 1 во Демир Хисар.

Со претресите беа опфатени 10 лица, од кои три се лишени од слобода, а кај нив биле пронајдени и запленети 42 семки марихуана, дробилки, ваги, 7 рамки за автоматска пушка, 90 куршуми маневарска муниција 7,62 мм, 5 куршуми 7,9 мм, 4 пакувања марихуана, корен и делови од стебла од марихуана, ловна пушка „Црвена застава“ 16мм, ловен карабин „Црвена застава“, ловна пушка 12мм, ловна пушка 16мм, 5 парчиња патрони 12мм и 7 парчиња патрони 8х75мм.

Поднесени се 3 кривични пријави против 3 лица по член 215 и 2 кривични пријави против 2 лица по член 396 од Кривичниот законик, а за едно лице ќе следат дополнителни проверки.

Поднесена кривична пријава против 8 лица поради напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста, пет добија мерка притвор

СВР Битола до ОЈО Битола на 10.02.2023 поднесе кривична пријава против Д.М.(20), Д.М.(21), Д.Ќ.(22), Н.Б.(26), С.М.(45), М.М.(39) и двајца малолетници, сите од Битола, поради постоење на основано сомнение за извршено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи од безбедноста“ казниво по чл.383 ст.1 од Кривичниот законик.

Имено на 10.02.2023 во 08.00 часот во населба Баир, на ул.„Караорман“ во Битола, пријавените почнале агресивно да се однесуваат кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, сакале да ги прегазат со патничкото возило „рено“ во кое се превезувале, а фрлиле и со тврд предмет кон нив, при што повредиле еден полициски службеник. Малку подоцна тие физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства.

Од страна на Судија на претходна постапка, на С.М, Д.М, Д.К, Н.Б. и Д.М. им е одредена мерка притвор.


1128

Задолжително

Verified by MonsterInsights