Собранието денеска продолжува со седницата за разрешување на министри
Македонското собрание денеска на пладне треба да ја продолжи седницата на која се дискутира за најновата реконструкција на владата, направена за да се добие парламентарно мнозинство кое ќе го усвои предлогот со кој Бугарите ќе бидат впишани во македонскиот Устав.
Од најавата од Собранието се дознава дека пратениците во рамки на 104 седница треба да продолжат со расправата по точката Предлог за разрешување на тројца министри.
Ваквите потези на премиерот Димитар Ковачевски доаѓаат по цврстиот став на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да гласа за промените во Уставот кои потенцијално се штетни за националниот карактер на државата. Имено, сеуште не се знае точниот предлог за ваквата операција, но според патријата Левица, македонската влада предводена од СДСМ се согласила бугарското население во Македонија да биде забележано во т.н нормативен дел од Уставот кадешто единствено е видлив етничкиот македонски карактер на државата.