Закројување на лозјето – обичај за Св. Трифун

Последен од зимските или прв од пролетните, верскиот празник Св. Трифун е значаен по обредното закројување на лозјата. А тоа е така затоа што се верува оти овој светец бил и е заштитник на лозјата и градините од разни штетници.
Најпрвин наутро се оди в Црква кадешто попoт треба да освети вода. Чинот на осветување на водата подразбира Божја заштита и потенцирање на нејзините лековити својства. Лозарите треба да земат во шишиња и да ги испрскаат своите лозја.
Кузман Шапкарев забележал дека на овој ден во Струга и струшко попот ја осветува водата на отворено во лозовите градини и во секое искаструва по неколку пенушки. Во Радовиш овој ден се сметал за голем празник на угостителите па, според раскажување на старите,се пиело без пари по меаните и се бирало „цар на пијаниците“ кој требало својата „царштина“ да ја докаже со тркалање и валкаање по земјата. Ваквото празнување се поврзува со гостиварско народно предание за Дедо Ное и лозата. Преданието вели ја открил лозата , ја пресекол и засадил прачки, а наместо со вода ја полеал со крв од јагне. Па прорекол, тој што ќе пие од виното малку да биде кроток и весел, тој што ќе пие повеќе да биде храбар како јунак и страшен, а кој ќе пие од мерата надвор за да се препие, да паѓа по земја и да се валка, а светот со него да си игра мајтап.


Тиквешијата, реон познат по многу лозови насади и одржуавање на традицијата за производство на вино крајот на обредот го означува полевањето на лозјата со ланско вино што имитира принесување на жртва, а обредникот вели „Господе, ти давам едно шише со вино, за ијлада да ни подариш“.
Инаку Агрономијата вели дека зимската резидба на виновата лоза е агротехничка мерка со која започнуваат сезонските работи вп лозјата и истата се извршува редовнп секоја година. Лозата се режи за да: го забрза почетокот на пораното доаѓање во род ,да и даде одредена форма на пенушката со што ќе се олесни обработката на почвата, да воспостави рамнотежа помеѓу кореновиот систем и надземниот дел, да се отстранат болните ластари од разни заболувања и да се отстранат сувите и замрзнати делови.


1219

Задолжително

Verified by MonsterInsights