Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола со години е затворена
„Министерството за култура не одобрува или одобрува само шест проценти од вкупните потребни средства за конзервација и реставрација на фасадата, па според тоа не може да се предвиди кога би била повторно отворена за посетители. Минатата година биле доделени 250.000 денари за реализација на предвидените активности, а оваа година со Годишната програма на Министерството за култура се доделени само 350.000 денари, од побараните 5.799.000 денари за целосна реализација на проектот, алармираат од партијата.“- објавува денеска republika.mk пренесувајќи став на партијата Левица.
Фото насловна: republika.mk