March 28, 2024

СЗО свика итен состанок поради избивањето на една од најсмртоносните инфекции во светот

Светската здравствена организација (СЗО) во вторник свика итен состанок поради избувнувањето на една од најсмртоносните болести познати на човекот во Африка. СЗО собра експерти од целиот свет за да разговараат за тоа како да се забрза развојот на вакцини и лекови за вирусот Марбург.

Се зголемуваат стравувањата дека светот би можел да биде засегнат од моментално неизлечивата болест која има стапка на смртност до 88 проценти.

Вирусот, кој се смета за поопасен братучед на еболата, уби девет лица во Екваторијална Гвинеја во првата епидемија во централноафриканската држава. Се верува дека повеќе од десетина други се заразени.

Дали се заканува нова епидемија? Повторно се појави најсмртоносниот вирус, пациентите крварат од очите, устата и ушите: „Се подготвуваме да го контролираме ширењето“
Членовите на Конзорциумот за вакцини против вирусот Марбург (MARVAC) рекоа дека може да поминат месеци пред да станат достапни ефективни вакцини и лекови бидејќи производителите ќе треба да соберат материјали и да спроведат испитувања, пишува Дејли мејл.


1110