Состојба на патишта
Според утринскиот извештај на ЈП ОЗМРП/Македонија пат, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
На ден 15.02.2023 година во период од 13:00 – 16:00 часот ќе се врши минирање за изградба на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал и сообраќајот ќе биде во прекин во одреден дел од наведениот период.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурен телефон 02 / 25 61 502 .
Фото насловна : Гиги