Решени 2096 предмети за легализација, Општината објавува листа на граѓани кои треба да подигнат документација за дозавршување на постапките

Секојдневно се зголемува бројот на предмети за кои општината ја завршила постапката за легализација, односно стекнување на правен статус на бесправно изграден објект.

Од вкупно 17.543 поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, градби на земјоделско земјиште и тераси поднесени во 2011, 2013, 2014, 2016, 2018 и 2020 година, до преземањето на функцијата на градоначалникот Тони Коњановски, решени беа 10.951 од кои до 2017 година 10.205 предмети и 746 предмети во периодот од 2017 до 2021 година.

Со доаѓањето на градоначалникот Коњановски, зголемена е ефективноста во работењето и во изминатите 15 месеци, решени се 2096 предмети од кои, изготвени се 1589 решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и 507 решенија за одбивање.

Решенијата за одбивање најчето се поради некомплетна документација доставена во законскиот рок, а дел се и поради не добиена согласност од соодветна институција во зависност од местополжбата на објектот или утврдување дека објектот е граден после донесувањето на законот.

Општинската администрација за решавање има уште 4496 предмети од кои:

– 94 предмети се за разгледување од страна на комисијата за урбанизам при Советот на општина Битола

-1075 предмети имаат нерешени имотно правни односи и донесен е заклучок за прекин на постапка,

-1498 предмети се доделени во комисија за утврдување на фактичка состојба (фотографирање),

– 77 предмети се во комисија за обработка, составување на записник врз основа на извршен увид,

– 250 предмети се во одделението за спроведување на урбанистички планови и одделението за урбанистичко планирање и заштита на животна средина за изготвување на соодветни мислења,

– 446 предмети се доставени во Министерство за транспорт и врски поради ненадлежност на општината,

-329 предмети имаат изготвени заклучоци за плаќање и решенија и неподигнати или недоставени докази дека е извршена уплата врз основа на донесен заклучок за плаќање и

– 727 предмети се во фаза на обезбедување на потребните мислења од институции и се работат од страна на правниците каде што се распределени.

Со цел брзо завршување на постапките кои се во финална фаза, општина Битола, објавува листа на граѓани кои потребно е да дојдат во просториите на општината и:

Да подигнат заклучок за плаќање или решение за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект или
Лицата кои подигнале заклучок за плаќање (а се на листите во прилог) да достават доказ дека е извршена уплата.
Листи на неподигнати заклучоци за плаќање, решенија или недоставен доказ за извршена уплата за легализација на линкот подолу

Извор: Општина Битола


1097