March 29, 2024

КИЦ Битола бара правно прецизирање на дејностите кои може да ги реализира за да одговори на барањата на граѓаните

Прецизирање и усогласување со националната класификација на дејности што пак е во согласност со европските статистички регулативи бара Културниот и информативен центар (КИЦ) од Битола од Советот на Општина Битола.
Тоа е точка 11 на дневниот ред од 24 едница на Советот на Општината , за што пак денеска се дискутираше и беше одобрено од Комисијата за статут и прописи.
„Заради тоа што при функционирањето на КИЦ Битола се соочивме со проблем, во Централен регистер не се запишани односно заведени шифрите на дејностите се појави потребата да го надополниме статутот со шифрите на дејностите “ – изјави пред Комисијата Лили Бошевска, директор на КИЦ Битола и додаде „Исто така се појави потреба, бидејќи во рамките на КИЦ веќе постои туристичко-информативен центар којшто е во киното Манаки, како нова дејност дополнителна, информативна културно туристичка дејност за промовирање и развој на културниот туризам, односно туристички информативен центар и тука како подточки стојат сите дополнителни дејности коишто би ги извршувале а се поврзани со работата на таа туристичка дејност за промовирање и развој на културниот туризам.“

Промените се неопходни за непречено функционирање на КИЦ и според Регистерот на правните лица во државава. Па така, КИЦ со прецизирањето е установа која дава услуги на објекти за културни манифестации (шифра на дејност 90.04) , освен поттикнувањето на кутлурниот аматеризам и развојот на творештвото на младите ќе поддржува и ќе може да го зајакнува независниот културен сектор на локално ниво, ќе може самостојно да реализира или учествува во креативни уметнички и забавни дејности,изведувачки уметности и творештво, репродукција на снимени медиуми, снимање на звучни записи и издавање на музички записи, издавање на книги списанија и периодични публикации и да се вклучува во проекти кои се од областа на филмската дејност, освен прикажување и давање на услуги за нивна продукција.
Во делот на информативниот центар пак се прецизираат дејностите односи со јавноста и дејности на инфомирање, останати резервациски услуги и дејности поврзани со нив, друга трговија на мало во специјализирани продавници и продажба на сувенири, ракотворби и слично.
Установата ќе премине кон дополнувањата откако за предлогот ќе се произнесат советниците на следната седница на Советот.

фото насловна: интернет страница на КИЦ Битола


1038