Членовите на УО да се бираат на конкурс – измени во статутот на ЈП „Пазари“

Комисијата за статут и прописи на советот на Општина Битола на денешната седница ги усвои предлог измените на статутот на ЈП „Пазари“ од Битола доставени до Општината во јануари годинава.
Претседателот на Комисијата Ѓорги Горгиев потенцираше дека сите јавни претпријатија ќе мора да ги променат односно усогласат своите статути со најновите законски измени во Законот за јавни претпријатија. „Како што ќе се разгледуваат на управните одбори така и ќе бидат поднесувани до Комисијата за статут и прописи.“ – рече Ѓоргиев.


Измените се однесуваат на делот Управен одбор, член 11 кадешто сега се предвидува три месеци пред истекот на мандатот на членовите на УО на претпријатитето, по предлог на градоначалникот, Советот на Општината да распише јавен оглас за заинтересирани, во огласот да стојат потребните услови кои треба да се исполнат и, по 15 дена од изборот претпријатието да ги објави биографиите на сите членови на УО.


„Ова е имплементација на законот објавен во Сл. Весник 89- рече директорот Никола Гацовски со дополнително објаснување „ ние според овој закон сме обврзани да направиме промена на (одредбите кои беа уредени со претходно важечкиот закон) односно надополнување на неколку ставки кои се всушност доставени со одлуката на УО од 12 јануари.“ За целосната измена биле во корелација со правната служба од Општина Битола од каде било наложено да се спроведе оваа измена.


Се изменува и чл. 15 од Статутот на ЈП Пазари, со нов член 15а кадешто се пропишува задолжителното приссуство на член од УО на седниците на Советот на Општината кога се дискутира за работата на претпријатието и, правото на месечен надоместок за членовите на УО што не смее да надмине износот од една половина од просечната нето плата на претпријатието исплатена во претходната година, надоместок кој со одлука (претходно) го утврдил Советот на Општината.
Измените на статутот ќе стапат на сила откако /доколку бидат изгласани од советниците на седница на Советот и објавени во Службеното гласило на Општина Битола.


1103

Задолжително

Verified by MonsterInsights