June 2, 2023

Време топло како да не е февруари

Зимата годинава или завршува или сеуште не е почната. Во моментов во Битола и околината се регистрира температура на воздухот од 12 степени Целзиусови. Многу повеќе од тоа што се вообичаени температури во Битола.

Фотографија објавена на ФБ група Битола стари фотографии

Сончево со слаб ветер претежно од западен правец е прогнозата на Управа за хидрометереолошки работи на Македонија. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Продолжува периодот на стабилно и потопло време, а особено топло ќе биде за време на викендот кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината. Во понеделник во западните делови ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд.


1017