Пред завршниот турнир на Купот на Македонија, кошаркарите од КК Пелистер ад Битола на средба со градоначалникот Коњановски

Kошаркарите од КК Пелистер АД Битола, ја посетија општината, каде имаа средба со градоначалникот Тони Коњановски. Средбата се остварува пред завршниот турнир на Купот на Македонија во кошарка, кој започнува утре во Скопје и ќе трае до недела.
На средбата се разговараше за високите резултати кои ги бележи клубот како второрангиран во првата кошаркарска лига со што е многу блиску до лидерска екипа во првенството.


Градоначалникот Коњановски, честитајќи им на кошаркарите за досегашните резултати им посака многу успех на Купот на Македонија „БЛАГОЈА ГЕОРГОЕВСКИ – БУШТУР“ 2023, каде првиот кошаркарски натпревар во четвртфиналето, екипата на Пелистер ќе го одигра утре во 17:00 часот, против Еуро Никел 2005 од Кавадарци.

„Ви посакувам победи и високи резултати, кои ќе бидат радост, но и гордост за сите нас како битолчани, затоа што на спортска Битола, навистина и доликуваат високи достигнувања во професионалниот спорт, што истовремено е дополнителен мотив и за младите генерации, спортски да се развиваат и да напредуваат“ – нагласи градоначалникот на крајот од средбата со кошаркарите од КК Пелистер АД Битола.
