March 29, 2024

ПАРКЕТИ ИМААТ НОВ ХИТ – ‘‘ДОЈДИ ДА МЕ БАКНИШ БЕЈБИ‘‘

На денот на виното и љубовта, мега популарните битолски панкери ”Паркети” објавија нова песна и спот – ”Дојди да ме бакниш бејби”. Комплетен автор на песната е Симс Паркет, снимена е во студиото на Сашо Паркет, со живи инструменти, а спотот е снимен на локацијата каде членовите на групата се дружеле во детството. Спотот е снимен во црно бела техника и титлуван на англиски јазик.
По ”Џири, џири”, ”Паркети” најавуваат уште една песна за хрватскиот пазар, заедно со пејачката Мирна, на нејзина иницијатива, која би се снимила оваа година.


1143