104 седница на Парламентот
Македонското Собрание денеска треба да ја продолжи 104 седница, за реконструкција на владата по создавањето на новата владина коалиција наменета за уставните промени наметнати од биларетралниот договор со Бугарија.
Седницата започна на 13 февруари, а во неколкуте продолженија доминира дискусијата природата на реконструкцијата и , според пратениците од опозицијата , недемократскиот начин на смена на министрите и замениците министри. На последното продолжение пратениците расправаа за разрешување на министерот за здравство, но , поради отсуство на кворум , гласањето не беше реализирано.
