April 19, 2024

Расколот исцелен, православниот свет е во евхаристичка заедница со Црквата на Северна Македонија

Православните цркви во Европа последниов месец се произнесуваат во однос на Томосот на Српската Православна Црква (СПЦ). Минатата недела Грузиската црква ја донела одлуката за стапување во канонско единство со МПЦ-ОА.

Во веста на http://religija.mk/ се вели дека македонската црква сега е именувана како Православна Црква на Северна Македонија.

Претходно, пишува порталот наменет за религиски и теми од православната црква, и грузиските црковни претставници како и романските, словенските и чешките и словачките го разгледале писмото на СПЦ и не го проблематизирале делот во кој се вел„расколот е исцелен и се врати евхаристиската заедница со неговата православна црква во Северна Македонија“.

За ова повеќе на http://religija.mk/gruziskata-patrijarshija-ke-sosluzuva-so-mpc-oa-no-ne-go-priznava-tomosot-od-spc/

И Православната Црква на Романија го прифати Томосот за автокефалност на МПЦ издаден од СПЦ во 2022 година, но подоцна се дообјаснувала за името.  Проблем за романскиот Синод се спроведените нови правила за доделување автокефалност на црква, кои не биле усвоени од православниот свет. Според нив конечната одлука за статусот на МПЦ и нејзиното име сепак треба да го додели Вселенската Патријаршија.

За ова повеќе на :  http://religija.mk/romanskata-crkva-se-doobjasnuva-po-tomost-na-spc-konechen-tomos-izdava-vselenskata-patrijarshija/

Религија.мк денеска го објавува и Томосот на СПЦ што го разгледуваат црковните великодостојници. 

http://religija.mk/tomosot-so-koj-mpc-oa-beshe-ispratena-na-referendum/

Фото насловна: http://religija.mk/


1148