April 26, 2024

Јавното претпријатие Паркинзи од Битола денеска до јавноста го испрати соопштението со кое потсетува дека улица Рузвелтова, која ги спојува Широк Сокак и ул Никола Тесла станува пешачка зона. Во нивното соопштение се вели :
„На улицата Рузвелтова, со одлука на Советот на општина Битола е променет режимот на сообраќај и истата добива третман на ПЕШАЧКА ЗОНА.
Достава на стока на истата е овозможена во периодот од 06 до 08 часот секој ден.
Почитувани граѓани Ви соопштуваме дека одлуката мора да се почитува и за секое прекршување на истата ќе следат соодветни санкции согласно законските прописи. “
Од граѓаните бараат секое прекршување да биде пријавено на нивните телефони или во СВР Битола.

Фото насловна: Општина Битола


1035