Заврши попладневниот дел од 24 седница
Со гласање за измени во составот на членовите на Управни одбори и усвојување за легализација на објекти во 9 катастарски општини заврши попладневниот дел од 24 седница на Советот на Општина Битола. За предлозите не гласаа само советниците од партијата Левица.
Именувани беа членови во Училшен одбор на ООУ „Д-р Трифун Пановски“Битола, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“Битола, во Управниот одбор на Отворениот граѓански Универзитет за доживотно учење „Крсте Петков Мисирков“Битола и член во Управен одбор на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“Битола. Советниците гласаа и за разрешување па и именување на член во Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општината, и , за именување на членови во Локален совет за превенција, кадешто членуваат градоначалникот, претседателот на Советот, претставници од обвинителството, полицијата, советот за безбедност на сообраќајот во патиштата и други.
Непосредно пред гласањето на предлозите за легализација на објекти советникот Анастасија Трајковска информираше дека од 2011 година, кога биле поднесени 17,543 барања за легализација на објекти, останати се уште 4.496 нерешени предмети. Од колегите советници побара заедничка акција за брзо решавање на останатите предмети поради како што рече “сериозните процеси на урбанизација што следат во Општината“ и додаде „ во рок од 10 години нам ни се случуваат 1: 13 дивоградби во однос на легално донесени документи. Не е само до службите во општината туку и до други институции.“ За сериозноста на процесот урбанизација во градот посочи дека во текот на 2022 година биле донесени 74 одобренија за високоградби, а градежниците сеуште работат по планови од 1975 година.
Советниците денеска ги прифатија и предлозите за донесување урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградените објекти во КП бр.400 и 401/2 КО Крстоар, КП бр.922/1 и 922/3 КО Крстоар, КП бр.1006/1 КО Дихово, КП бр.293 КО Породин, КП бр.878 КО Ротино, КП бр.349/3 КО Магарево, КП бр.527 КО Трново, КП бр.454 и 455 КО Трново, КП бр.402 КО Бистрица, КП бр.97 и 98/3 КО Бистрица, КП бр.189/2 КО Брусник, КП бр.590 КО Буково.