Денеска е меѓународен ден за лингвистичка и културна разновидност
Од 1999 година УНЕСКО го прогласи овој ден за меѓународен/ светски ден на мајчиниот јазик, а од 2000 година се промовира како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност. Според ООН, одбележувањето на овој ден значи препознавање дека „јазиците и мултијазичноста може да придонесат во унапредување на инклузијата и целите за одржлив развој на ООН при што никој не е оставен“.
Овогодинешната тема е „Повеќејазичното образование – неопходност за трансформирање на образованието”. Глобално е забележано дека 40 отсто од населението немаат пристап до образование на јазик што го зборуваат или разбираат. ОН забележале и дека на секои две недели по еден јазик исчезнува земајќи со себе цело културно и интелектуално наследство. Најмалку 43% од околу 6.500 јазици што се зборуваат во светот се загрозени. Само неколку стотици јазици добија вистинско место во образовните системи и јавниот сектор , а помалку од 100 се користат во дигиталниот свет.
Генералното собрание на ООН ја прогласи 2008 година како меѓународна година на јазиците, за да промовира единство во различностите и меѓународното разбирање, преку мултијазичност и мултикултурализам и, го назначи УНЕСКО да служи како водечка агенција за годината.
По примерот на големата организација (ООН) и Европската Унија прогласи ден за празнување на мајчиниот јазик што се одбележува на 26 септември , а се промовира свесноста за учење на јазици и заштита на јазичното културно наследство.