5 работи што мора да ги знаете за посебноста на македонскиот јазик
Кирилично писмо и единствени букви – Традиционално писмо во македонскиот јазик е кирилицата. Има 31 буква (знаци,графеми) кои соодветствуваат на 31 гласови (фонеми). Или, колку знаци толку гласови. (во аглискиот јазик тоа не е случај, на пример буквата „С“ различно се чита во зборот castle /замок и во зборот nice / добар).
Единственоста, посебноста, различноста од другите јазици од светот и јужнословенската група се : а)комбинациите на „Г“и „К“ ги користи како „Ѓ“ и „Ќ“
б)единствено македонскиот јазик ја има буквата „Ѕ“. (ноѕе, ѕид, ѕуница).
в)само во македонскиот јазик големите и малите букви на три знаци учителките од одделенска настава сметаат дека се различни:
А – а, Б – б, Е – е
Третосложно акцентирање – акцентот е на третиот слог од крајот на зборот.
(слатк’арница).
Членување – членот во македонскиот јазик е постпозитивен, што значи доаѓа како наставка на именката и варира според родот (битолски – от-та-то).
Аналитички јазик – или, нема падежи, односите во реченицата се искажуваат со предлози. ( на, во, од, до , каде, како, зад, кај , под, пред, преку, спроти, по и други ).
Јужнословенски јазик – Како што се наведува во граматиката, македонскиот јазик, заедно со јазиците на Словенците, Хрватите, Црногорците, Бугарите и Србите, припаѓа во групата на јужнословенските јазици, но заради претходните четири карактеристики е посебен.