Земјотресите во Турција не се афтершок, допрва ќе се појавуваат пукнатини во земјината кора

Жителите на околината на турскиот град Тепехај, во провинцијата Хатај, на југот од оваа земја дури сега, две недели по земјотресот на 6 февруари светската јавност го споделуваат своето доживување на катастрофата.
Кратер со повеќе од 30 метри длабочина и 200 метри ширина и 300 метри должина се појавил на во рамнина насадена со маслинови дрва. Сега жителите на новинарот на ITV( од каде и ги користиме фотографиите) му објаснуваат дека во текот на земјотресот мислеле дека се работи за авионски односно ракетен напад. За цело време на потресот тие гледале чудни светкања и светлина на небото, а долу на земјата се слушале експлозии. По завршувањето на земјотресот, кога сметале дека се е смирено, доживеале уште едно изненадување. Тогаш им станало јасно дека тоа што сметале дека е експлозија бил звукот од раскинувањето на кората на Земјата.


Оваа пукнатина е на линија на трусниот расад и предизвика големи полемики кај научниците во Турција и светот за двата земјотреса од вчера (20.02.2023) кога едниот бил со јачина од 6,4 степени.


Токму провинцијата Хатај, ( политички спорната меѓу Турција и Сирија) се потресе најмногу, а според експерти од Техничкиот универзитет во Истанбул двата последни земјотреса не биле афтершокови, туку независни како последица на новото поместување на поместената земја. Земјотреси предизвикани од големиот од 6.02.2023 со јачина од 7,8 степени. Предвидувањата се дека допрва ќе се активираат други раседи, оној на Гребенот Антакија кадешто има зејотресни раседи долги меѓу 2 и 16 километри. Голем расад што минува низ морето кај Самандаг е пробиен, а се претпоставува дека во последниве две недели и околу 90 афтершокови сеизмичкиот јаз наречен Кипарски лак е проширен.

Се препотставува дека Турција е поместена за 4-5 метри, а пренесениот стрес ќе предизвикува уште повеќе земјотреси се додека земјините плочи не заземат стабилна позиција. Во меѓувреме во светот се забележуваат и помали и поголеми потреси. Освен што турско-сириските земјотреси ги чувствуваат земјите на Блискиот Исток, земјотреси се регистрираа и во некои од средоземноморските земји.

Извор фотографии : https://www.itv.com/news


1123

Задолжително

Verified by MonsterInsights