June 6, 2023

 Општина Битола, објави јавен повик за работно ангажирање на 15 невработени лица со средно образование кои ќе вршат доставување на  решенија и покани за данок на имот до граѓаните.

Работното ангажирање  ќе биде за период април/јуни и ќе добиваат надоместок по учинок 17 денари за решение и 3 денари за покана.

Кандидатите треба да достават барање, копија од документ за идентификација (лична карта).

Заинтересираните кандидати да се јават во период од 6 работни дена  од денот на објавување на огласот, заклучно со 28.02.2023 год.

Бараните документи можат да се достават во просториите на Општина Битола ул. ,,Булевар 1 Мај“ бр.61 на шалтер бр 1.

Повеќе информации на следниот линк:  https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-danok-na-imot/


1022