ВМРО-ДПМНЕ спроведува обуки за политички менаџмент и изборен маркетинг
Денешниот социјален контекст на нашето општество подразбира политички активизам на луѓе кои се свесни и имаат знаење и за нациoналното, и за политичкиот систем со државниот апарат, а најпрвин медиумски се писмени и знаат што се подразбира политички маркетинг и менаџмент. ВМРО-ДПМНЕ на своите членови тоа им го овозможува преку различни бесплатни обуки.

Една таква обука се одржа денеска (25.02.2023) во просториите на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола. Обуката е организирана од ОК Битола,а на неа учествуваат претставници од општинските комитети на Долнени, Могила, Новаци и Македонски брод, од сите организации во партијата.

„Овие обуки се со цел јакнење на ресурси за изборни кампањи (време, луѓе/тимови, средства), политички комуникации, политички менаџмент и маркетинг (политички и изборен). ВМРО-ДПМНЕ во својот концепт на работа го обединува сиот човечки капацитет, затоа што досегашното искуство упатува на прецизна тимска работа за нашата мисија да биде возможна. “ – вели Пеце Милевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Битола .
На својата ФБ објава пак велат : “КОЛКУ ПОВЕЌЕ ИЗВОНРЕДНИ ПЕРФОРМАНСИ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ УСПЕХ ВО ПОЛИТИКАТА” и порачуваат
ЕДЕН ПРИНЦИП ! ЕДНА ЦЕЛ ! БРОЈ 1 ВО ПОЛИТИКАТА ПРЕКУ НАЈДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ!