April 16, 2024

Невреме во Хрватска, ги плаши балканците

Снежна бура проследена со невреме и ураган ја парализираа Хрватска. Далмација е отсечена од останатиот дел од државата речиси 24 часа бидејќи нема отворена сообраќајна рута кон внатрешноста преку Лика и обратно. Многу патници останаа заробени во нивните возила и беа спасени од припадници на различни служби за итни случаи.
Изненадните навеви на снег, дури и до 2 метри висина се причината што во текот на ноќта околу 300 возила биле завеани. Во државата се отворени прифатни центри,кадешто се очекува развојот на невремето. Спортски сали, градинки и други објекти подготвени за прием на патници. Хрватските медиуми денеска објавуваат стории од очевидци кои раскажуваат дека невремето со силни ветрови и наноси на снег се појавило одненадеж. Силниот ветер предизвика засега мала материјална штета, иако тоа подразбира однесени покриви и урнати дрвја. Ветрот дува и со јачина од 150 километри на час. На сила е т.н црвено предупредување до населението да не излегува без потреба, особено да не патуваат со автомобили на отворените автопатишта.


1027