Дали темното чоколадо е штетно за вашето здравје?

Новото истражување на Consumer Reports покажува дека темното чоколадо содржи кадмиум и олово, два тешки метали кои можат да доведат до здравствени проблеми.
Темното чоколадо е познато по тоа што е богато со антиоксиданси, за кои се верува дека се поздравата опција во споредба со другите видови чоколада. Consumer Reports пак, за себе велат дека се невладина и непрофитна организација која не паѓа под ничие влијание, а работи на создавање фер и праведен пазар за сите.
Нивното последно лабораториско истражување, од почетокот на оваа година утврдило дека во чоколадите со повеќе какао може и има олово и кадмиум. Овие два метали се директно врзани со почвата во која какаото (Theobroma cacao)расте.
Олово и кадмиум се тешки метали и ако редовно се внесуваат во големи количини може да предизвикаат здравствени проблеми. Кај возрасните може да предизвикаат појавување на висок притисок и проблеми во работата на бубрезите, кај децата – развојни проблеми.
Сепак, вие не мора да купувате редовно чоколадо со 85% какао, може и со 55% какао, затоа што и тоа се вбројува во црно чоколадо, а и млечните не се така лоши.


1138

Задолжително

Verified by MonsterInsights